HomeАктуелноОЈО Битола го заврши увидот во тешката сообраќајка каде загина 24 годишен битолчанец

ОЈО Битола го заврши увидот во тешката сообраќајка каде загина 24 годишен битолчанец

Основното јавно обвинителство-Битола информира дека дежурен јавен обвинител извршил увид на местото каде утрово се случи тешка сообраќајна несреќа со смртни последици.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Според првичните наоди при увидот, до несреќата на патот Прилеп-Ресен дошло при директен судар на автомобил Опел корса со битолски регистарски ознаки и товарно возило со штипски регистарски ознаки.

Во сударот животот го загубил 24-годишниот возач на патничкиот автомобил. Се постапува за испитување на причините за несреќата, при што по наредба на јавниот обвинител ќе биде извршено сообраќајно вештачење.

Издадена е наредба за обдукција на телото на починатиот, соопштија од ОЈО-Битола.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.