HomeАктуелноОЈО ОХРИД ИСТРАЖУВА И МОЖНА ОДГОВОРНОСТ НА ТАТКОТО НА КРИСТИЈАН: Се прибираат докази за евентуално помагање

ОЈО ОХРИД ИСТРАЖУВА И МОЖНА ОДГОВОРНОСТ НА ТАТКОТО НА КРИСТИЈАН: Се прибираат докази за евентуално помагање

Основното јавно обвинителство во Охрид презема дејствија за да утврди дали постои кривична одговорност и кај таткото на Кристијан Корабоски, обвинетиот за нападот врз 26-годишната Сара Ѓорѓиеска.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Според информациите објавени денеска, 19 ноември, од Обвинителството во моментов се прибираат докази за евентуално проширување на постапката и поднесување кривична пријава за помагање при извршување на кривично дело.

Од ОЈО Охрид посочуваат дека по прибирањето и анализата на доказите ќе биде оценето дали постојат услови и таткото да биде кривично пријавен.

Ова доаѓа во рамки на постапката за случајот со Сара, за кој Кристијан Корабоски е обвинет за три кривични дела – телесна повреда, противправно лишување од слобода и загрозување на сигурноста.

Корабоски се наоѓа во 30-дневен притвор, а судењето е закажано за 27 ноември во Основниот суд во Охрид.

Според досегашните информации, Обвинителството располага и со видеоснимки поврзани со настаните, како и со медицинска документација и други докази.

Во овој момент не може да се каже дека таткото е обвинет или дека ќе биде обвинет. Одлуката ќе зависи од доказите што ќе бидат собрани во текот на постапката.

Случајот со нападот врз Сара предизвика големо внимание во јавноста, а новото постапување на Обвинителството отвора дополнително прашање: дали во случајот ќе има уште едно лице кое ќе понесе кривична одговорност.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.