HomeАктуелноОЈО предлага притвор за битолчанецот кој со месеци силувал 14-годишно девојче

ОЈО предлага притвор за битолчанецот кој со месеци силувал 14-годишно девојче

Од страна на битолското обвинителство е донесена Наредба за спроведување истражна постапка против 21-годишник. За лицето постои основано сомнение дека сторил продолжено кривично дело – Силување дете кое не наполнило 15 години од член 188 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик, соопштуваат од ЈОРСМ.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Осомничениот во стан на улицата „Прилепска“ во Битола, во повеќе наврати низ периодот од август до крајот на декември 2023 година, вршел полови дејствија врз 14-годишно девојче.

„Јавниот обвинител до Основниот суд во Битола достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот”, стои во соопштението.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.