Познатиот македонски бизнисмен, 32-годишниот Душко Чифлиганец, почина во болница во Чешка, а неговите пријатели и соработници се збогуваат со него објавувајќи заеднички фотографии на социјалните мрежи.
Синот на сопственикот на „Адора“ групацијата беше тешко повреден во мото-трка која се одржувала викендов во Брно, Чешка. Според наши неофицијални информации со хеликоптер бил пренесен во Прага.
Синоќа, голем број познати јавни личности објавија постови посветени на загинатиот Чифлиганец, меѓу кои пејачката Тамара Тодевска, рели – возачот Игор Стефановски – Иџе, водителот Мирослав Кацаров и други.
Душко Чифлиганец важеше како познат љубител на мотори и автомобили и добитник е на престижни признанија за брзински мотоциклизам.
