HomeАктуелноПазарна ќе ги казнува оние кои ќе работат утре, еве каде има исклучок!

Пазарна ќе ги казнува оние кои ќе работат утре, еве каде има исклучок!

Државниот пазарен инспекторат им укажува на сите работодавачи дека согласно Заклучокот на Техничката Влада на Република Северна Македонија донесен на Шестнаесеттата седница одржана на 16 април 2024 година, деновите 24 април 2024 година (среда) и 8 мај 2024 година (среда) се неработни денови за сите граѓани на Република Северна Македонија. Работодавачите во наведените денови не треба да извршуваат дејност со исклучок на оние работодавачи каде работните процесите заради својата природа не можат да се прекинат.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

За наведените денови Државниот пазарен инспекторат ќе воведе дежурства и преку државните пазарни инспектори ќе контролира дали Заклучокот на Техничката Влада се почитува од страна на работодавачите.

Некои услужни дејности како супермаркети, сендвичари, трафики, бутици за облека и книжари веќе најавија дека 24 април ќе биде работен и тој ќе им биде дополнително платен според додатокот за прекувремена работа регулиран со закон.

Одлуката на Владата за прогласување на двата изборни денови за неработни предизвика полемики кај правниците и синдикатите. Правниците сметаат дека Владата со заклучок не смеела да прогласи неработни денови и да не ги почитува Законот за работни односи и Законот за празниците.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.