Вечерва од Турција донесен е првообвинетиот во убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, Љупчо Палевски Палчо.
Палчо слета на скопскиот аеродром и ќе биде спроведен во Истражниот затвор Скопје, по што на сила ќе стапи мерката од 30 дневен притвор.
За потсетување, Палевски првично избега во Србија, па преку Бугарија стигна во Турција, каде тамошната полиција го уапси на 6 декември во Баликесир.
Подетални информации очекуваме од страна на надлежните институции.
