HomeАктуелноПендаровски доби португалски навивачи по поразот: „Предизвика погрешен човек!“

Пендаровски доби португалски навивачи по поразот: „Предизвика погрешен човек!“

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби на гостувањето кај Португалија во финалето на плеј-офот за пласман на Мундијалот. Избраниците на Фернандо Сантош лесно се справија со нашиот национален тим и со 2-0 си го чекираа билетот за Катар.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

По натпреварот, порака на поддршка и честитки упати претседателот на Македонија, Стево Пендаровски преку социјалните мрежи.

Македонска гордост, херои, покажавте големина низ квалификациите за светското првенство. Со пласманот на Европско ја испишавте историјата на македонскиот фудбал. Ве чекаме дома како победници, зашто победивте во идејата да се претставите најдобро. Успеавте да нè сплотите и да не направите горди, напиша претседателот на Македонија. 

Сепак, на оваа објава одговорија многу португалски и фанови на Роналдо, откако по победата над Италија објави порака: „Кристијано, ти си следен!“.

Го предизвика погрешниот човек

Следен пат внимавај кој ќе предизвикаш

Чао Македонија, Сиуууу, беа дел од коментарите

https://www.instagram.com/p/Cbs6GuPK2dW/?utm_source=ig_embed&ig_rid=a29dc084-f035-4a09-aa4b-1bcfcb19b195

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.