Унапредувањето на правата на слепите лица треба да биде наш заеднички приоритет, бидејќи општество во кое има простор за сите има повеќе шанси за успех.

Надлежните институции и граѓанските организации треба системски да работат на подигнување на општествената свест за целосно укинување на сите облици на дискриминација кон слепите лица.
Задоволство ми беше да присуствувам на настан во рамки на програмата „Супер училишта“ во Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ – Скопје, стои во фб објавата на шефот на државата.


