HomeАктуелноПецаков го најави проектот за реконструкција на дел од Булеварот „Туристичка“ – нов модерен лик на Охрид

Пецаков го најави проектот за реконструкција на дел од Булеварот „Туристичка“ – нов модерен лик на Охрид

Со нова инвестиција насочена кон подобрување на урбаниот изглед и функционалност на Охрид, кандидатот за градоначалник на општина Охрид, Кирил Пецаков, го најави следниот приоритетен проект – реконструкција на дел од Булеварот „Туристичка“, на потегот од улицата „Стив Наумов“ до улицата „Јане Сандански“.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Според најавата, проектот опфаќа целосна реконструкција на пешачките и велосипедските патеки, поставување ново и енергетски ефикасно јавно осветлување, како и уредување на јавниот простор со нови клупи и канти за отпадоци.

„Со овој проект создадеме современ и безбеден урбан простор кој ќе биде наменет за пешаците и велосипедистите. Булеварот ‘Туристичка’ ќе добие нов, модерен изглед што ќе придонесе за поубав, почист и побезбеден Охрид,“ изјави Пецаков.

Проектот, како што посочи тој, е дел од пошироката визија за трансформација на градот во насока на одржлив урбан развој и подобрување на квалитетот на животот на охриѓани.

Со оваа иницијатива, Пецаков испраќа јасна порака дека Охрид не запира повеќе, продолжувајќи со реализација на капитални и инфраструктурни проекти што ја менуваат сликата на градот.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.