Завршуваат градежните активности на улицата „Момчило Јорданоски“, објави на совјот профил на Фејсбиук градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков.
После поставувањето на нова атмосферска линија и изградба на нови тротоари, денес се асфалтираат коловозните ленти.
Оваа улица добива нов лик, а граѓаните подобри и побезбедни услови.
Посветено, со големо внимание и систематски ги реализираме зацртаните проекти, стои во објавата на градоначалникот на Охрид Пецаков.
