HomeАктуелноПецаков со апел за помош во пожарите

Пецаков со апел за помош во пожарите

Вечерва одржавме состанок со Штабот за заштита и спасување при Општина Охрид во проширен состав согласно кризната состојба настаната од пожарите кои се активни на територија на Општина Охрид., информира градоначалникот Кирил Пецаков.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Од страна на надлежните беше презентирана состојбата со активните пожари. Во текот на денешниот ден интервенирено е од страна на Територијалната против пожарна единица од Охрид, Национални шуми, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување како и волонтери кои се пријавиле да помогнат со гасењето на пожарите. Исто така денес на помош дејствуваја и три Ер трактори кои неколку часа истураа вода над пожарите.

За утрешниот ден дополнително на помош се вклучуваат и општинските јавни препријатија со луѓе, механизација и логистика, кои заедно со сите останати институции во организирана акција ќе се пристапи кон справување со пожарите. И за утрешниот ден согласно потребите се ставени на располагање авионите за гасење пожар.

-Упатувам апел до сите оние кои се чувствуваат подготвени да помогнат во справувањето со огнената стихија утре изутрина во 4:30 часот соодветно опремени да бидат во кругот на Територијалната против пожарна едница – Охрид , каде задено со претставниците на институции координирано ќе се упатат кон критичните точки за гасење на пожарите, апелира Пецаков.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.