ПСС Охрид оваа зима нема да интервенира при заглавени возила на забранетиот пат кон Галичица. Оние кои не ги почитуваат сообраќајните правила и самоиницијативно возат од Корита кон Ресен ќе подлежат и на казни. Лани ПСС интервенирала при 38 повици за заглавени возила во НП Галичица.
Во пресрет на зимата и најавените врнежи од снег Планинската спасителна служба Охрид апелира на совесно и внимателно однесување во планина. Граѓаните да ја почитуваат забраната за движење со возила од месноста Корита кон планинксите врвови и Ресен.
Тој пат е затворен за сообраќај од 15 ноември до 15 март, не се одржува поради непредвидливи услови, силни навеви на снег и ветер. Минатата година ПСС имаше четириесеттина интервенции за извлекување на заглавени возила, но годинава велат нема да интервенираат при вакви случаи. За сите кои нема да ја почитуваат забраната ќе има и казна за непочитување на сообраќајните правила.
