HomeАктуелноПовик за регистрација и ажурирање на туристички водичи и придружници во Општина Охрид

Повик за регистрација и ажурирање на туристички водичи и придружници во Општина Охрид

Според член 3 став 2 од Законот за туристичка дејност на Република С. Македонија сите физички лица кои вршат туристичка дејност, а во случајов,  туристички водичи и  туристички придружници, имаат законска обврска да се регистрираат во регистарот кој го води градоначалникот на општината во која се водат според адреса на живеење.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Општина Охрид ги повикува сите погоре споменати даватели на туристички услуги (туристички водич и туристички придружник), да се регистрираат доколку не го сториле тоа претходно и да ја ажурираат својата регистрација доколку во меѓувреме ги обновиле своите легитимации или имаат промени од предходната регистрација.

Рокот за регистрирање и ажурирање ќе биде до 15.03.2025 година.

Вашата регистрација или ажурирање можете да ги извршите секој работен ден во Сектор за ТЛЕР одделение за Туризам при општина Охрид.

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.