HomeАктуелноПовредени се неколку лица во сообраќајна несреќа на магистралниот пат Охрид-Ресен

Повредени се неколку лица во сообраќајна несреќа на магистралниот пат Охрид-Ресен

На 04.06.2024 во 07.20 часот, кај тунелот на магистралниот пат Охрид-Ресен се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес” со битолски регистарски ознаки, управувано од М.С.(67) од Битола и патничко возило „мерцедес” со охридски регистарски ознаки, управувано од М.Т.(56) од охридското село Требеништа.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во несреќата, возачот М.Т. се здобил со тешки телесни повреди, додека неговиот сопатник Р.Ј. се здобил со телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Ерамо” во Охрид. Увид на местото изврши екипа на СВР Охрид, велат од СВР Охрид.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.