HomeАктуелноПОВТОРНО ПУКАЊЕ ВО СКОПЈЕ: Нова пресметка во Бутел, двајца специјалци префрлени на Ургентно

ПОВТОРНО ПУКАЊЕ ВО СКОПЈЕ: Нова пресметка во Бутел, двајца специјалци префрлени на Ургентно

На 12.03.2023 од слобода се лишени Н.Б. и Е.Б. и задржани во полициска станица затоа што заедно со уште неколку лица на 12.03.2023 околу 01 часот на ул. Х.Т. Карпош во Скопје, во близина на клучка Радишани, физички ги нападнале П.П. (полициски службеник кој не бил на работа), Д.К. и Ф.Г.. Според пријавеното, Н.Б., Е.Б. и М.С., кои биле со возило „бмв“, како и неколку лица кои биле со возило „цитроен“ му го блокирале патот на возилото „рено“ во кое биле П.П., Д.К. и Ф.Г. и почнале да удираат по возилото и физички ги нападнале велат од МВР.
Потоа П.П. испукал неколку пати во воздух од службениот пиштол, по што лицата кои биле со возило „цитроен“ се дале во бегство.
На нападнатите им е пружена лекарска помош во Клинички центар Скопје. Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер
Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.