HomeАктуелноПовторно сообраќајна несреќа на вечниот автопат во изградба, Охрид-Кичево

Повторно сообраќајна несреќа на вечниот автопат во изградба, Охрид-Кичево

На 12.07.2023 во 13.50 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, помеѓу с.Требеништа и с.Мешеишта, патничко возило „фолксваген голф” со охридски регистарски ознаки, управувано од А.З.(47) од селото Стрелци, кичевско, излетало надвор од коловозот.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците Ќ.С.(56), Ф.З.(22) и Ф.З.(46), сите од истото село, а возачот се здобил со телесни повреди, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо” во Охрид и Општата болница Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.