HomeАктуелно„Поетот Ацо Шопов низ призмата на критичарот Милан Ѓурчинов“ во петок

„Поетот Ацо Шопов низ призмата на критичарот Милан Ѓурчинов“ во петок

Оваа 2023 година е прогласена за Година на Ацо Шопов по повод 100 годишнината од неговото раѓање. Во одбележувањето на овој голем и значаен јубилеј во петок 17 ноември од 12 часот со пригоден настан ќе се вклучи и НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Настанот  во нашата Прличева одаја ќе се одржи под мотото: „Поетот Ацо Шопов низ призмата на критичарот Милан Ѓурчинов“.

Шопов е првиот македонски автор објавен веднаш штом ќе замолкнат пукотниците на војната, во 1944 година, но и прв чијашто книга ќе излезе на словенечки, во 1957 година, прв објавен на јазик надвор од словенската група, унгарскиот, во 1964 година, и прв објавен на еден широко распростренат јазик, рускиот, истата година.

Во 1967 година, тој станува најмладиот член основач на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), а три години подоцна и најмладиот добитник на наградата АВНОЈ, највисокото признание во тогашната Југославија.

Гости ќе бидат ќерките на Шопов и Ѓурчинов, Јасмина Шопова и Анастасија Ѓурчинова.

Модертор на настанот ќе биде Милчо Јованоски.

Извор: НУ Библиотека

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.