HomeАктуелноПожарникарите и денеска се борат со повеќе пожари на отворено, а како поддршка од воздух се ангажирани и противпожарните авиони

Пожарникарите и денеска се борат со повеќе пожари на отворено, а како поддршка од воздух се ангажирани и противпожарните авиони

ЦУК: Пожарникарите и денеска се борат со повеќе пожари на отворено, а како поддршка од воздух се ангажирани и противпожарните авиони

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Центарот за управување за кризи (ЦУК) информира дека пожарникарите и денеска се борат со повеќе пожари на отворено, а како поддршка од воздух се ангажирани и противпожарните авиони „ер трактор“ на Дирекција за заштита и спасување (ДЗС). ЦУК информира за дел од нив – за пожарите кај селата Црнилиште, Долгаец и Стровија, во Општина Долнени и кај с.Ореше во Општина Чашка.

Конкретно, Регионалниот ЦУК (РЦУК) Битола, извести дека врз пожарот кај селата Црнилиште, Долгаец и Стровија, во Општина Долнени, интервенираат 10 пожарникари со две противпожарни (ПП) возила од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Прилеп, седум (7) лица на ДЗС од Прилеп, 25 жители од месното население и трите противпожарни авиони на ДЗС.

Инаку, за пожарот што утрово беше пријавен во 09.00 часот што бил регистриран кај манастирот „Св.Ѓорѓија“, Општина Прилеп, по излегувањето на противпожарна екипа од ТППЕ Прилеп на терен со три пожарникари и со едно противпожарно возило, е утврдено дека се работело за контролирано палење на отпад.

Регионалниот ЦУК Велес, известува дека пожарот, што започна на 14.09.2023 година околу 12:45 часот во атар на с.Ореше, Општина Чашка е се уште активен. Со пожарот е зафатена дабова и габерова шума. Денеска во гаснењето на пожарот интервенираат пет лица од ЈП „Национални шуми“ подружница „Бабуна“ од Велес, а се очекува врз истиот пожар да дејствуваат противпожарни авиони на Дирекција за заштита и спасување (ДЗС), штом тоа че биде можно согласно динамиката на гасењето и техничките можности при целодневниот ангажман.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.