Пожарот кај Ајватовци сѐ уште е активен на еден крак (под репетиторите).
Останатите делови се изгаснати.
Екипи на скопската БППЗ работат на гаснење на активниот крак и обиколка и проверка на изгаснатите делови од пожарот.
Пожарот се гаснеше непрекинато во текот на целата ноќ од страна на скопските пожарникари и доброволци од локалното население предводени од градоначалникот на Општина Илинден Александар Георгиевски.
Очекувам да биде целосно изгаснат во следните неколку часа. Засега нема потреба од воздухоплови, вели директорот на ЦУК.
Голема благодарност до храбрите скопски пожарникари, храбрите доброволци од локалното население кои дадоа голем придонес во гаснењето на овој голем пожар како и благодарност до храбрите пилоти на полициските хеликоптери и Ер тракторот на ДЗС, додава Стојанче Ангелов.
Е.Р
