HomeДругоПожарот на Илинска Планина за службите под контрола, додека мештаните од терен бараат помош!

Пожарот на Илинска Планина за службите под контрола, додека мештаните од терен бараат помош!

Пожарот кој неколку дена беснее на Илинска и Плакенска планина според службите станува збор за пожар „под контрола“, додека за мештаните кои со денови се борат со пламените јазици велат состојбата воопшто не е под контрола и апелираат до до Национални шуми да се погрижат за истиот и за миг да се тргнат од нивните климатизирани канцеларии.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Пожарот е активен од минатиот петок, односно 26.07.2024 година, мештаните се организираат и сами го гаснат пожарот, претходно преку фб-статус бараа да се приклучат што повеќе луѓе.

Од Центарот за управување со кризи претходно, односно на 28.07 информираа дека пожарот кај с.Плаќе на Илинска Планина, каде што беше опожарена рудина и сува трева, зафати предел од три општини: Охрид,  Ресен и Демир Хисар. Пожарот е под контрола, но на места од ветерот повторно има избувнато пламен. На терен се припадници на противпожарни служби и ЈП Национални шуми кои вршат проверка и обиколка и го држат огнот под контрола информира Центарот за управување со кризи – ЦУК.

Пожарите што ова лето беснеат низ државава предизвикаа огромни штети. Уништени се големи површини шуми, пасишта и природни живеалишта, а во огнената стихија настрадаа и многу животни.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.