РЦУК – Демир Хисар нѐ известува дека во атар на с. Стругово регистриран е шумски пожар, по добиената пријава од страна на ПШС „Бигла“ Демир Хисар упатени се 5 работници и 2 пожарникари со 1 ПП возило од ТППЕ Демир Хисар.
Според најновата информација од ЦУК, пожарот кој избувна на шумска површина во атар на с.Стругово е локализиран на терен има околу 20 работници од ПШС „Бигла“ Демир Хисар , од ТППЕ Демир Хисар пожарникарите веќе се повлекува и ќе биде оставена дежурна екипа од ПШС Бигла .Податоците се добиени од страна на командирот на ТППЕ демир Хисар.
