Регионален ЦУК Скопје известува дека Од страна на дежурниот во БППЗ на град Скопје добивме информација дека во 10.36 часот пријавен е пожар на кеј на реката вардар зад хотелот Александар Палас. Станува збор за запалена дива депонија на површина од околу 5.000 м2. Во гасење на истиот БППЗ учествува со 5 возила и 10 пожарникари. На лице место во гасење на истиот учествуваат и 2 цистерни од ЈП Комунална Хигиена како и механизација од Општина Карпош. Пожарот е ставен под контрола, нема опасност од негово ширење и во моментот се догасува внатрешно, поради големата количина на ѓубре на дадената површина, информираат од ЦУК.
