На 19.03.2023 во 00.06 часот било пријавено дека на ул.„Џон Кенеди” настанал пожар во стан сопственост на Х.Ц.(49) од Скопје, кој предизвикал надворешно оштетување на уште еден стан. Пожарот бил изгаснат од страна на Бригадата за противпожарна заштита.
Од СВР Скопје велат дека повредени лица нема, а увид врши увидна екипа.
