HomeАктуелноПожар над селото Велгошти, powerinfo со НАЈНОВИ информации!

Пожар над селото Велгошти, powerinfo со НАЈНОВИ информации!

Редакцијата на powerinfo.mk забежа пожар над селото Велгошти. Пожарот може да се забележи од магистралниот пат Охрид-Ресен.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

По забележаниот пламен, нашата редакција одговор побара од Центарот за управување со кризи, кој за кратко ни одговорија дека постои можност за пожар на отворен простор на подрачјето на општина Охрид,  а во контакт стапено е и со ТППЕ-Охрид.

РЦУК Охрид известува, дека стапено е во контакт со ТППЕ-Охрид, а екипа на ТППЕ-Охрид со 1 пп/в и 2 пожарникари упатени се во атарот на с.Велгошти каде што се претпоставува дека има појавен пожар да направат проверка, и доколку има потреба да се интервенира. ПОРКОА-РЦУК-Охрид е во постојан контакт со ТППЕ-Охрид и ја следиме состојбата, вели портпаролот на ЦУК, Илија Бојаровски.

Имено, од таму додаваат дека следи проверка, а доколку има потреба ќе се интервенира.  Инаку, штетата ја проценуваат од ЈП „Национални шуми“, а дополнителна информација ќе имаме подоцна.

 

Новинар: Е.Р

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.