HomeАктуелноПоказна вежба утре на АРМ во близина на Центарот за обука на вода

Показна вежба утре на АРМ во близина на Центарот за обука на вода

Секторот за внатрешни работи Охрид ги известува граѓаните на Охрид дека утре (10.05.2024) во периодот од 10.00 до 12.00 часот во водите на Охридското езеро во близина на центарот за обука на вода во Охрид, припадниците на Баталјонот на специјални сили на Армијата на РСМ ќе реализираат показна вежба – препад на пловен објект.
За време на вежбата ќе бидат употребени атрифиции, средства за звучни ефекти и друга опрема што ја користи Армијата.
СВР Охрид, ги известува граѓаните дека, во врска со оваа активност, денеска (09.05.2024) во периодот од 13 до 15 часот, припадниците на Баталјонот на специјални сили на Армијата на РСМ, на истиот простор ќе изведат подготвителни активности со цел, успешна реализација на утрешната показна вежба, информира Потпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер
Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.