Полицајци затекнале пет момчиња додека пишувале графит и им одзеле канти со поликолор, информира МВР.
На 17.04.2024 во 02.00 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Центар ги затекнале Ј.М.(24) од Скопје, П.Н.(23) од Прилеп, Д.Б.(23) од Скопје, М.Ј.(25) од Битола и А.М.(24) од Скопје додека пишувале графит. Од нив биле одземени неколку канти со поликолор и боја и други предмети, соопшти МВР.
По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
