HomeАктуелноПОЛИЦИСКА БРКОТНИЦА НА АВТОПАТОТ А1 Криумчар на 11 мигранти излетал од патот, повредени четворица

ПОЛИЦИСКА БРКОТНИЦА НА АВТОПАТОТ А1 Криумчар на 11 мигранти излетал од патот, повредени четворица

На 12.03.2023 од слобода е лишен Ј.З. (27) од Слупчане, општина Липково поради тоа што со возило „опел“ превезувал 11 мигранти (3 од Индија, 5 од Пакистан и 3 од Авганистан).

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

На 12.03.2023 околу 00,25 часот на автопат А1 Неготино-Велес тој не застанал на даден знак од страна на полициски службеници од Полициска станица Михајлово, по што во близина на Велес изгубил контрола над возилото, кое се превртело. Ј.З. и три лица мигранти со телесни повреди се пренесени во Општата болница Велес за пружање на лекарска помош, а потоа Ј.З. е лишен од слобода и задржан во Полициска станица Велес за понатамошна постапка, додека мигрантите се сместени во Привремениот транзитен центар Винојуг.

За настанот е известен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.