HomeАктуелноПолициски службеници од СВР Охрид со превентивна активност на тема врсничко насилство

Полициски службеници од СВР Охрид со превентивна активност на тема врсничко насилство

Денеска (01.11.) полициски службеници од СВР Охрид во основното училиште „Христо Узунов” реализираа превентивна активност на тема врсничко насилство. Притоа, низ интерактивен пристап, на учениците од седмо до деветто одделение им беа објаснети појавните форми и облици на манифестирање на насилство помеѓу врсниците и он-лајн насилството, како крајно штетни и опасни појави при користење на социјалните мрежи.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Учениците беа запознати како треба да реагираат доколку тие се жртва на булинг и сајбер булинг, каде и со кого  да ги споделат тие информации. Оваа едукативна кампања ќе биде реализирана и во другите школски центри на подрачјето на СВР Охрид, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.