На 15.11.2023 во 15.45 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода В.Н.(37) од Охрид.
При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, биле пронајдени и одземени кафеава течност и предмети со остатоци од кафеава течност, но и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело, вели портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од таму.
Извор: СВР Охрид
