СВР Охрид поднесе кривична пријава против Р.С.(48) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори”.
На 07.07.2022 на магистралниот пат Кичево – Гостивар, во близина на с.Колари, кичевско, полициски службеници извршиле преглед на неговото патничко моторно возило „фолксваген голф”, а подоцна и претрес во неговиот дом, при што пронашле и одзеле марихуана и хашиш, додаваат од МВР.
