HomeАктуелноПолицијата со полни раце работа во Охрид, Струга и Кичево

Полицијата со полни раце работа во Охрид, Струга и Кичево

По преземени оперативни мерки, полициски службеници од СВР Охрид идентификуваа шест лица кои на 28.11.2024 во 23.20 часот на крстосницата од булеварот „Македонски просветители” со улицата „Партизанска” во Охрид го нарушија јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

На разговор се повикани Н.П.(24), П.Д.(18), Ј.Ј.(23), А.К.(28), сите од Охрид, како и двајца 17 – годишници, едниот од Охрид, а другиот од Струга. По целосно документирање на настанот, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Охрид.

На 02.12.2024 во 07.20 часот на Граничниот премин – Аеродром „Св.Апостол Павле” во Охрид, на излез од државата, полициски службеници ја лишија од слобода М.М.(19) од тетовското село Жилче. При преглед во нејзината торба на рентген апарат биле пронајдени девет куршуми за пиштол калибар 7,65 милиметри. Увид на местото извршија полициски екипи и по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 02.12.2024 во 22.10 часот, полициски службеници од СВР Охрид го приведоа Д.М.(71) од Охрид кој претходно, во неговиот дом во Охрид агресивно се однесувал кон член на неговото семејство, а потоа и кон полициските службеници кои биле повикани.

Против него, ќе биде поднесена соодветна пријава, додава портпаролот на СВР Охрид.

На 02.12.2024 во 17.10 часот, пред продажен објект лоциран на локален пат помеѓу струшките села Лабуништа и Подгорци, Ф.М.(55) од Подгорци го нарушила  јавниот ред и мир со физички напад врз 34 – годишната Н.Д. од Лабуништа. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 02.12.2024 во 21.00 часот, К.П.(50) од Кичево во полициска станица пријавил дека на булеварот „Ослободување” во Кичево бил каснат од куче скитник.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.