Обилните дождови предизвикаа хаос на германскиот аеродром во Франкфурт во средата навечер, предизвикувајќи околу 100 откажани и одложувања на летови.
Дождовницата ја поплави пистата, оставајќи стотици патници неколку часа блокирани во авионите.
Видеата објавени на социјалните мрежи покажуваат дека големи делови од пистата биле покриени со вода.
Повеќе од 20 летови за Франкфурт беа пренасочени кон други аеродроми.
Аеродромскиот оператор најави дека вчерашните временски услови ќе влијаат и на распоредот на летови во четврток и може да предизвикаат дополнителни откажувања и доцнења.
– Патниците треба да го проверат времето на летот со својата авиокомпанија. Поради зголемениот број на патници, ги советуваме сите патници да пристигнат на аеродромот два и пол часа пред летот – се наведува во соопштението.
