HomeАктуелноПоради сообраќајка во прекин сообраќајот Битола – ГП Меџитлија

Поради сообраќајка во прекин сообраќајот Битола – ГП Меџитлија

Патниот правец Битола – Граничен премин Меџитлија е во прекин за сите возила поради случена сообраќајна незгода, информираа од АМСМ.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Инаку, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Потсетуваат дека поради асфалтирање на регионалниот пат Р1102 Велес – Градско (стариот пат), сообраќајот ќе биде во прекин утре во периодот од 08:00 до 18:00 часот.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.