HomeАктуелноПоразителни бројки: Охридската гимназија започнува со класови од по 13 деца во прва година, вкупно се запишале околу 90 ученици

Поразителни бројки: Охридската гимназија започнува со класови од по 13 деца во прва година, вкупно се запишале околу 90 ученици

Годините минуваат, демографските состојби се движат во негативен правец.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Се намалува бројот на запишани ученици во охридските основни и средни училишта во градовите ширум земјава.

Иселувањето и намалениот број на склучени бракови и намален се главните причини.

Денес ова прашање беше една од точките на советничката седница во општина Охрид. Како што потенцираа дел од советниците причината е веќе добро позната и се однесува на намалувањето на бројот на жители во Охрид како резултат на иселувањето. Советниците денес на 31-тата Седница на Совет ги изгласаа одлуките за формирање паралелки со помал број ученици од дозволениот минимум.

ОСУ „Св. Климент Охридски“, новата учебна 2023/2024 година ја започнува со седум класови кои имаат по 13 ученици.

Ова го покажуваат информациите кои попладневно беа објавени во Гимназијата, ставени на увид на учениците и родителите, на само неколку дена пред стартот на новата учебна година. Бројките покажуваат дека продолжува трендот и охридските полуматуранти и годинава повеќе се заинтересирани школувањето да го продолжат во стручните училишта отколку во гимназијата.

Имено, на седницата се потенцираше дека во Охридската гимназија оваа учебна година се запишале само 91 ученик кои се рапоредени во седум паралелки по 13 ученика.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.