HomeАктуелноПосебен режим на сообраќај во понеделник во Скопје

Посебен режим на сообраќај во понеделник во Скопје

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека утре (01.05.2023) во периодот од 10.00 часот до 12.30 часот е најавен протест организиран од страна на Конфедерација на слободни синдикати на Македонија со траса на движење од пред канцелариите на КСС на ул.„50-та Дивизија“, по ул.„Јордан Мијалков“, бул.„Климент Охридски“ се до Владата на Република Северна Македонија на бул.„Илинден“.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Исто така, со почеток во 12.00 часот најавен е протест организиран од страна на Сојузот на синдикатите на Македонија со траса на движење од пред зградата на Сојузот на синдикатите на Македонија во Скопје на ул.„Мирче Ацев“ кон Собранието на Република Северна Македонија по ул.„Филип Втори Македонски“ и ул.„11-ти Октомври“ и по ул.„Димитрие Чуповски“, потоа кон седиштето на Стопанската комора на Македонија и со завршеток на бул.„Илинден“ пред Владата на Република Северна Македонија.

Од  тие причини СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по горенаведените сообраќајници на подрачјето на Град Скопје. При тоа МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.

Извор:МВР

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.