HomeАктуелноПосебен режим на сообраќај во Скопје на 31.07.2022 (недела)

Посебен режим на сообраќај во Скопје на 31.07.2022 (недела)

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните на Скопје дека на 31.07.2022 година (недела), поради реализација на предвидените манифестации во Скопје по повод одбележувањето на националниот празник Илинден, Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците во централното подрачје на градот Скопје.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Притоа, посебениот режим на сообраќај ќе се воспостави со почеток 07.30 часот при што за сообраќај ќе бидат затворени дел од улиците „11 Октомври“ и „Димитрија Чуповски“, и тоа на потегот од крстосницата со бул.„Кочо Рацин“ до крстосницата со ул.„Васил Главинов“, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до сите граѓани да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот со цел безбедност на сите учесници во сообраќајот.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.