Денеска е последниот ден од изборната кампања пред одржувањето на првиот круг на претстојните локални избори, што треба да се одржат во недела на 19 октомври.
Политичките партии, независните кандидати и коалиции уште денеска имаат можност да се претстават себе си и своите визии и програми за локалните избори. Веќе од понеделник, 20 октомври ќе почне кампања за оние општини каде нема да биде избран градоначалник во првиот изборен круг. Вториот круг е закажан за 2 ноември.
