HomeАктуелноПоследните двајца македонски државјани се евакуирани од Газа, извести Османи

Последните двајца македонски државјани се евакуирани од Газа, извести Османи

Брачниот пар кој беше заглавен во појасот Газа е евакуиран. Во моментот се сместени во Каиро.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Одлична вест тукушто пристигна од Каиро и Тел Авив! Брачниот пар, последните двајца наши државјани кои се наоѓаа во ризичните зони се евакуирани од Газа. Во моментов тие се на безбедно, привремено вдомени во Каиро и наскоро ќе бидат упатени кон дома, објави министерот за надворешни работи Бујар Османи на неговиот Фејсбук профил.

Османи се заблагодари на професионалноста на вршителите на должност во амбасадите во Тел Авив и Каиро, Мачеј Качоровски и Елма Алторок, кои, како што пишува, вложиле извонредни напори во постојаната комуникација со надлежните институции на Египет и Израел.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.