HomeАктуелноПоставена спомен плоча на 6-та пешадиска Бригада на АРМ во поранешната охридска касарна

Поставена спомен плоча на 6-та пешадиска Бригада на АРМ во поранешната охридска касарна

Вчера во поранешната касарна во Охрид,  беше откриена спомен плоча на 6-та пешадиска бригада на Армијата на Република Македонија. Во присуство на генералот во пензија и актуелен пратеник во Собранието на Република Македонија, Илија Николовски, воедно и претседател на воените ветерани и резервисти на Република Македонија, на генералот во пензија Филип Котели, претседателот на Сојузот на борци од Охрид, Гоце Георгиевски, претставници на СВР Охрид како и на повеќе актуелни и поранешни припадници на единицата, за развојниот пат на 6 пешадиска бригада, зборуваше полковникот во пензија и претседател на Здружението на ветераните и резервисти од одбраната и безбедноста на Република Македонија-огранок Охрид, Добре Велјаноски. Тој, во името на ветераните, за посебен придонес во формирањето на 6 пешадиска бригада, постхумно му додели благодарница на првиот командант на Гарнизонот на АРМ во Охрид, полковникот Јосип Хајба а делегација на ветераните, положи свежо цвеќе на неговото вечно почивалиште.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Благодарница за посебен придонес во формирањето на 6 пешадиска бригада, му беше доделена и на тогашниот заменик на командантот, полковник во пензија, Павле Момироски како и на градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, за искажаната помош и поддршка за отворањето на спомен собата на 6-та Македонска народно ослободителна бригада, лоцирана во охридската касарна, се вели во соопштението.

 

Е.Р

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.