HomeАктуелноПочинал мотоциклист во сообраќајна несреќа

Починал мотоциклист во сообраќајна несреќа

На 30.08.2024 во 21.50 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на  регионален пат Р1402, на делница од с.Габрово до с.Банско, струмичко, се случила сообракајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со струмички регистарски ознаки, управувано од О.К.(42) од село Баница и мотоцикл „јамаха“ без регистарски ознаки, управуван од М.Н.(46) од село Банско. Од здобиените повреди мотоциклистот починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Струмица. Увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и екипа на Полициската станица Струмица.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер
Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.