HomeАктуелноПочина македонската актерка Катерина Крстева позната како „Мара Попара“

Почина македонската актерка Катерина Крстева позната како „Мара Попара“

Почина Катерина Крстева. Македонската актерка, позната по улогата на Мара Попара во филмот „Во кафулето кај Гене“, издиша за последен пат на 84-годишна возраст.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Тажната вест беше објавена на социјалните мрежи на Македонскиот народен театар.

„Со огромно жалење ја споделуваме веста за смртта на актерката Катерина Крстева (1938 – 2023), дамата на македонското актерство – популарна меѓу народот како Мара Попара, по улогата во филмот ‘Во кафулето кај Гене’.“

„Катерина Крстева е дел од создавањето на историјата на театарската уметност во Македонија. Нејзиниот препознатлив и ведар дух и лик, како и веселост на театарската сцена и ТВ екраните ја направија миленичка на широката театарска, филмска и телевизиска публика. Како актерка е вработена прво во Драмски театар, за во 1964 година да премине во НУ Македонски народен театар, Скопје, каде останува сé до пензионирањето“ – стои во соопштението.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.