HomeАктуелноПочина родилката која по породување скокна од прозорец на ГАК

Почина родилката која по породување скокна од прозорец на ГАК

Синоќа почина 39-годишната родилка која на 2 јули скокна од прозорец од Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Оваа информација за ,,Слободен печат” ја потврдиле членови од нејзиното семејство.

Родилката се бореше за живот на КАРИЛ, но не издржа и покрај лекарските обиди да се спаси нејзиниот живот.

Таа беше во многу критична здравствена состојба, а пред да ја направи одлуката да скокне од првиот кат на Клиниката за гинекологија и акушерство страдала од вознемиреност и одбивала да го дои бебето.

Триесет и деветгодишната родилка била донесена на ГАК во 36-та недела од бременоста. Била однесена во породилна сала и за 14 минути била породена со царски рез.

Бебето е во добра состојба. На родилката ѝ било прво дете и станувало збор за посакувана бременост.

Трагедијата иницираше инспекциски надзор од Државниот здравствен и санитарен инспекторат.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.