HomeАктуелноПочина човекот кој се самозапали на плоштадот во Загреб

Почина човекот кој се самозапали на плоштадот во Загреб

Човекот кој се самозапали на плоштадот Свети Марко во Загреб почина на Клиниката за трауматологија, пренесуваат медиумите од соседството.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Машкото лице кое се самозапали во Загреб и беше згрижено на Клиниката за трауматологија на одделението за интензивна нега, почина од повредите и покрај напорите на лекарите, соопштија од болницата.

Претходно изјавија дека се здобил со изгореници од четврти степен кои му го покриле целото тело.

Медиумите потсетуваат дека пред зградата на хрватската Влада во Загреб, непознат маж се полил со бензин и се запалил. Брзо му била укажана помош и бил однесен во болница.

Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ изрази жалење за настанот.

Пленковиќ рече дека е рано да коментира било што: „Не ги знаеме мотивите, ниту нешто друго“

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.