HomeАктуелноПравославните христијани се подготвуваат за празнување на големиот празник Свети Василиј Велики

Православните христијани се подготвуваат за празнување на големиот празник Свети Василиј Велики

 Православните христијани се подготвуваат  за празнување на Свети Василиј Велики архиепископ кесариски. Постојат многу обичаи, но и суеверија за тоа што не треба да се прави на овој ден.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

На први јануари по стариот календар, а на 14-ти според новиот се слави Василица и Стара нова година.

Свети Василиј бил роден во времето на царот Константин I Велики (306-337 година), во 330 година во Неокесарија во Понт, од родители Василиј и мајка Света Емелија, кои двајцата потекнувале од познати и богати фамилии, но уште позначајни по својата христијанска вера и живот. Василиевата баба по татко, Света Макрина била ученичка на Свети Григориј Чудотворец, епископ во Неокесарија, која едвај го преживеала максимилијановотото прогонување на христијаните. Како некрстен човек, студирал филозофија, реторика и астрономија 15 години во Атина.

Бил крстен на реката Јордан заедно со неговиот поранешен учител Евул. Бил епископ на Кесарија Кападокиска речиси 10 години, а својот земен живот го завршил на 50-годишна возраст.

Важел за голем поддржувач на православието, морално чист и крајно ревносен, богословен ум, основоположник и столб на светата црква.

Во црковната служба го нарекуваат „пчела на црквата Христова“, која носи мед меѓу верниците и со осилото ги боде еретиците. Затоа, на овој ден треба да земете една лажичка мед.

Василевден Србите го празнуваат како празник на крштевката и како Мал Божик, а Македонците и Русите како именден. Кога 1 јануари бил земен како календарски почеток на новата година, тогаш Василица почнала да се слави како Стара нова година.

Многу обичаи се поврзани со овој ден, а постојат и суеверија за тоа што не треба да се прави на овој ден.

Кај нас на овој ден се прави домашна погача во која домаќинките ставаат паричка, се пејат василичарски песни во кои треба да биде опфатен тропарот на свети Василиј Велики, а некаде се практикува и палење на оган кој треба да ја симболизира светлината Божја во новата година.

Во Војводина постоел обичај, кој на некои места останал и до денес, да се пали оган на раскрсници, што покрај чистењето има и улога на зајакнување на сончевата светлина и топлината.

На многу места се палат бадниковите гранчиња, некаде се замесува посебен обреден леб – василица, во спомен на Свети Василиј Велики. Некои тоа го прават вечерта пред Василица.

Новата година треба да се дочека буден, па на ова бдение многу девојки си гатаат дали и кога ќе се венчаат таа година. Меѓу овие гатања, особено е интересно гатањето на девојките во Босна – пред зори се качуваат на таван и ги фрлаат чевлите низ врата, па ако чевлите, кога паѓаат, се насочени подалеку од домот – тоа е знак дека ќе се венчаат.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.