Денес направивме важен чекор напред за нашите пензионери. Со измените на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, од 1 март 2026 година над 300.000 пензионери добиваат покачување од 1000 денари. Ова не е само бројка – ова е признание за нивниот труд и животен придонес.
За помалку од две години, пензиите се зголемени за вкупно 7000 денари. Повеќе сигурност, повеќе достоинство, помалку грижи.
Грижата за постарите не е избор, туку обврска. Затоа продолжуваме со конкретни мерки и реални резултати. – напиша на Facebook пратеничката од редовите на ЗНАМ.
