Македонската градежна компанија ПМГ Конструктион повторно го освојува европскиот врв и тоа овој пат во три категории во натпреварување кое се одржува во Република Словенија, а е во организација на БАУМИТ. Пред две години ПМГ во Валенсија, Шпанија на истото натпреварување го освои првото место во две категории, а го освоија и првото место како компанија на натпреварувањето.
На 16.04.2024 година заврши онлајн гласањето на натпреварувањето во организација на БАУМИТ, во кое се бираат најдобрите проекти од Европа од областа на фасадите.
ПМГ Конструктион оваа година учествуваше со три проекти во три различни категории, а според освоените гласови од онлајн гласањето, нивните проекти се позиционирани на две први и едно второ место.
На првото место се позиционирани проектите „House Center“ и „Drezdenska“, во категориите Термална реновација односно, Мултисемејно домување, и на второто место е позициониран проектот „Villa Dr. Tomevski“ во категоријата за фасадна текстура.
Дополнително од онлајн гласањето, има и гласање на жири комисија кои пред еден месец го номинираа проектот „House Center“ за главна награда во Словенија.





