HomeАктуелноПребрзо се вози по македонските патишта, сообраќајната полиција со засилени сообраќајни контроли

Пребрзо се вози по македонските патишта, сообраќајната полиција со засилени сообраќајни контроли

Во текот на вчерашниот ден (31.08.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 315 возачи. Од нив седум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 182 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 133 надвор од населено место.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, додаваат од МВР.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.