HomeАктуелноПредвремена исплата на пензиите

Предвремена исплата на пензиите

Две банки одлучија предвреме да ги исплатат пензиите.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

„Пензиите за месец февруари се исплатени и од денес (26.02.2026 година) средствата се достапни за сите пензионери.

Корисниците на пензија можат да располагаат со своите средства преку сите филијали на Халкбанк, на банкоматите низ државата, како и преку услугите за електронско и мобилно банкарство“, велат од Халбанк.

Од банката информираат дека исплатата е реализирана навремено, со цел пензионерите непречено да ги користат своите средства.

Пензионерите се потсетуваат дека за побрза и поедноставна услуга можат да ги користат дигиталните канали, со што ќе избегнат гужви во филијалите.

И Комерцијална банка одлучи од утре да ги исплати пензиите.

„Започнуваме со исплата на пензиите од петок, 27 февруари. 📣 Ако користите дебитна картичка, со вашата пензија ќе може да располагате истиот ден. 💳 Користете ја безбедно и удобно – плаќајте безготовински во продавница или онлајн или, пак, подигнете пари од банкомат. 😊 

Ако повеќе сакате да ја подигнете пензијата во филијала или експозитура, ќе може да го направите тоа од 27 февруари и во секој работен ден после тоа.

“, велат од банката.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.