HomeАктуелноПредупредување за ПЕКОЛНИ температури – Синоптичарите со детална временска прогноза

Предупредување за ПЕКОЛНИ температури – Синоптичарите со детална временска прогноза

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност и услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието попладне ќе засилува.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени. Вредноста на УВ-индексот ќе биде 7.

Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне 36 степени.

Во главниот туристички центар, Охрид ќе биде сончево и многу топло со мала облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Максимална температура ќе достигне до 32 степени.

Според прогнозата на УХМР, во текот на работната седмица времето ќе биде сончево и многу топло со дневни температури кои насекаде ќе бидат над 30 степени.

Во делови од земјава ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури, информира Упрвата за хидрометеоролошки работи.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.