HomeАктуелноПрекин на Јавниот повик за субвенционирање на граѓаните за набавка на клима уреди, продолжува само за ранливите категории

Прекин на Јавниот повик за субвенционирање на граѓаните за набавка на клима уреди, продолжува само за ранливите категории

Поради големиот интерес и целосно исцрпување на предвидените средства од буџетот на општина Охрид, за останатите граѓани се прекинува Јавниот повик за субвенционирање на граѓаните за набавка на модерен систем за затоплување- инвертер клима уред за 2025 год, информираат од Општина Охрид.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

За ранливите категории на граѓани повикот продолжува се до исцрпување на предвидените средства, потенцираат од Општина.

Според Јавниот повик субвенцијата на домаќинства кои имаат лице со попреченост, за самохраните родители со малолетни деца или студенти како и за згрижувачките семејства и семејства кај кои вкупниот месечен приход не надминува 2 минимални плати ќе изнесува 65% од вредноста на набавениот уред но не повеќе од 20.000,оо денари со вклучен персонален данок на доход по домаќинство.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.